Жерновски ќе раководи со Железници, Макрадули нов директор на Пошта

Плусинфо се обиде да стапи во контакт со Жерновски и Макрадули, но и покрај бројните повици и пораки, сепак тие не одговорија.

1,026

Двајцата поранешни заменици министри Андреј Жерновски и Јани Макрадули ќе ги заменат фотелјите со директорски, објавија дел од медиумите.

Плусинфо се обиде да стапи во контакт со Жерновски и со Макрадули, но и покрај бројните повици и пораки, тие не ни одговорија.






Инаку, според информациите, поранешниот прв човек на Општина Центар, како и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе биде директор на ЈП за Желзничка инфраструктура, а со претпријатието во моментов со претпријатието раководи Фестим Халили, кадар на ДУИ.

Јани Макрадули, пак, кој беше заменик-министер за животна средина и поранешен потпретседател на Собранието, во иднина ќе раководи со ЈП Македонски Пошти. Досегашаниот директор на ова претипријатие, Ејуп Рустеми, во иднина ќе раководи со ЈП државни патишта.

Поврзани содржини