Дурловски поднесе оставка од пратеничката функција
Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот - вели Дурловски.
Претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски го напушта Собранието. Тој оваа вест, ја соопшти на социјалната мрежа Фејсбук, доцна вечерва.
– Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат – напиша Дурловски.
Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети….
由 Igor Durlovski 发布于 2020年10月22日周四