Страшно невреме ја зафати Грција: Потопени возила, улици покриени со мраз, убиени птици (ВИДЕО)
Големи торнада над морето биле забележани и на Родос, Санторини и Наксос.
Силно невреме проследено со дожд и град ја зафати Грција. Како што објавија грчките медиуми, улиците на островот Крит се целосно покриени со мраз, а освен тоа што се уништени маслинките и разните овоштарници, настрадале и голем број птици.
Во Неа Аликарнасос голем број возила биле потопени, а на некои улици нивото на водата се искачило на 80 сантиметри.
Големи торнада над морето биле забележани и на Родос, Санторини и Наксос.