Ибрахимовиќ уловен како зборува босански на теренот: „Падни доле, падни!“ (ВИДЕО)

Соиграчите му пријдоа за да му честитаат за головите, а Златан на босански јазик му се обрати на Раде Круниќ.

698

Во големото италијанско дерби Милан го победи Интер со 2:1, а јунак на тој двобој беше Швеѓанецот со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ. Тој постигна два гола за својот тим и покрај тоа што само пред неколку дена го победи коронавирусот.

Златан има 39 години, но и понатаму игра во фантастична форма, а соиграчите максимално го почитуваат. Тоа се гледа и на снимката што ја објави Милан. Соиграчите му пријдоа за да му честитаат за головите, а Златан на босански јазик му се обрати на Раде Круниќ.






– Падни доле, падни доле – му вели Ибрахимовиќ, а Круниќ возвраќа: „Сакав да паднам, сакав да паднам“.

Ибрахимовиќ е роден во Шведска, но одлично се разбира со Ребиќ и со Круниќ, бидејќи татко му е од Босна и Херцеговина, а мајка му од Хрватска.

Поврзани содржини