СДСМ: Николоски е еден од малкумината кој верно го следи главниот фабрикант на лажни вести Мицкоски

965

Бројот на пратеници во Собранието кои го следат исправниот пат по кој води парламентарното мнозинство предводено од СДСМ може само да се зголемува. Александар Николоски е еден од малкумината кој верно го следи главниот фабрикант на лажни вести, докажаниот губитник Мицкоски, реагира СДСМ на изјавата на Николоски дека пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство.

– Откако не му успеа преку лицемерни протести да го мобилизира сопственото членство, сега во очај смислува конструкции со цел да си ја задржи фотелјата во „Белиот дворец“, за да продолжи да ги исполнува нарачките на неговиот ментор Никола Груевски. Деструктивното однесување на ВМРО- ДПМНЕ и нивното кочење на секој напредок на државата како и на реформите и мерките кои се за доброто на граѓаните и државата беа казнети на 15 јули. Наместо да ја научат лекцијата, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски продолжуваат со фабрикување, ширење лаги и шпекулации кои секојдневно се конструираат во белиот дворец – соопшти СДСМ.

Поврзани содржини