Берлинска кампања против корона: Среден прст за сите без маски

536

Туристичка агенција од Берлин покренала нова, провокативна кампања за зголемување на свеста за епидемијата на коронавирусот.

– Подигнат среден прст за сите кои не носат маска, пишува на плакатот со фотографија на возрасна госпоѓа која на лицето има заштитна маска со цветен дезен, гледа во камера и држи подигнат среден прст.






„Ние ги следиме правилата за корона“ е мотото на кампањата која ја почна берлинскиот официјален туристички информативен центар Визит Берлин и берлинскиот Сенат.

Плакатот прво се појавил во вторникот во берлинске весник, а потоа брзо се проширил преку социјалните мрежи, со хаштагот „Берлин против корона“, и предизвикал поделени реакции.

Поврзани содржини