Никој не го сака Балотели

Покрај Бреша, Балотели има играно и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј.

439

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели изјави дека наскоро ќе потпише со клуб. 30-годишниот голгетер е слободен играч откако на крајот на минатата сезона беше раскинат договорот со Бреша. За време на последната кампања, Балотели запиша 19 натпревари на кои постигна 5 гола.

– Сè уште не играм никаде, но за неколку недели ќе потпишам со нов клуб – рече Балотели, цитиран од „Гол“.






Покрај Бреша, Балотели има играно и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј.

За репрезентацијата на Италија, напаѓачот има 36 натпревари и 14 погодоци.

Поврзани содржини