Заев: Освен Пошта размислуваме да приватизираме и други претпријатија
Премиерот рече дека се размислува преку јавно-приватно партнерство да се решат проблемите на повеќе државни фирми.
Освен Македонскa поштa можно е приватизирање на ТЕЦ Неготино, Македонски железници – Транспорт, Еурокомпозит, но и други претпријатија, најави денеска премиерот Зоран Заев.
-Јавно-приватното партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на економските политики во следниот период поради обидот да ги максимизираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој кој верувам дека ќе биде пример во следните четири години – рече Заев.
Во однос на приватизацијата на Пошта, рече дека државите со кои се натпреварува Македонија имаат доминантно приватни пошта, а целта граѓаните да имаат поквалитетни поштенски услуги.
Одлука за приватизација донесе Владата на вчерашната седница.