Несторовска: Расте бројот на деца жртви на трговија со луѓе, потребна е поенергична акција

302

Tрговијата со луѓе не е само кривично дело со елементи на организиран криминал, туку многу повеќе – модерно ропство. Жртвите на трговија со луѓе не се безимени лица, тие се меѓу нас, во нашето непосредно опкружување, често пати очајнички бараат некој да ги спаси од ропството, вели меѓу другото во интервју за МИА, државниот секретар во МВР и национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти,  Магдалена Несторовска.

Последниве години се поголем е бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица и трудова експлоатација, подвлекува таа. Потенцира дека особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите нас е континуираниот пораст на деца-жртви на трговија со луѓе.






Во текот на минатата година со правосилни казни затвор во висина од 1 до 13 години се осудени 50 лица за кривични дела поврзани со трговија со луѓе и илегална миграција. Оваа година откриените случаи на криумчарење мигранти се во пораст за 54,4 проценти при што досега се откриени 88 случаи, при обид да бидат прокриумчарени вкупно 2.700 мигранти.

Во интервјуто Несторовска говори и за опасноста од онлајн обиди за тргување со луѓе, за тоа колку мигрантската криза влијае на зголемување на бројот на лица жртви на трговија, за мерките кои се преземаат во борбата против оваа појава и превенцијата, за тоа што се се прави за рехабилитација на овие лица, кој може да работи со нив во процесот на рехабилитација, за оценките од меѓународниот фактор за тоа како нашата држава се справува во борбата против трговијата со луѓе. Во продолжение следува целото интервју со Несторовска.

Сиромаштијата, невработеноста, семејно насилството се неколку од главните причини кои луѓето ги прават ранливи на трговија со луѓе. Неспорна е констатацијата дека последниве години се поголем е бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица и трудова експлоатација. Меѓутоа, факт што особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите нас е континуираниот пораст на деца-жртви на трговија со луѓе.

Минатата година (2019) беа идентификувани 6 женски жртви од кои 3 (три) странски дражавјанки (4 деца и 2 полнолетни) жртви на трговија со луѓе (ЖТЛ). Оваа година (2020) пред сѐ заради пандемијата и вонредните мерки донесени од Владите во Регионот во еден дел насочени кон затворање на државните граници – не се идентификувани странски државјани жртви на трговија со луѓе, единствено идентификувани се четири домашни женски деца жртви на трговија со луѓе.

– Како пример за соработка со соседна земја, би го споменала случајот со косовската државјанка, полнолетно лице, со пречки во развој, која беше сексуално експлоатирана од лица државјани на Р.С.Македонија, а потоа продадена и принудена на присилен брак во источниот дел од Р.С.Македонија. Истата беше идентификувана, заштитетна и згрижена во Центар за заштита на жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство, по што се известени надлежните служби на нејзината матична земја. Подоцна таа беше вратена во својата матична држава, но по добиен позитивен одговор за безбедносна проценка на ризик за нејзино доброволно враќање – вели Несторовска.

Поврзани содржини