Арсовски: Нема да поддржиме попис кој отстапува од критериумите пропишани од ЕУРОСТАТ

765

Пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција. До сега власта ја нема консултирано опозицијата за вака суштествено и стратешко, важно прашање на земјата, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарско прашање за пописот.

– Пописот не треба да се спроведе во зависност на политичките интереси на власта на Зоран Заев, туку со почитување на европските критериуми за попис, пропишани од ЕУРОСТАТ која е институција за вакви дејности во Европската унија, Таков попис, кој би отстапувал од утврдените критериуми спроведувани од напредните европски земји, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи. Ако и овој попис пропадне, а се одвива без консултација со опозицијата, повторувам се одвива без консултација со опозицијата, како и досега целосната вина ќе биде единствено на власта – рече Арсовски.

 

Поврзани содржини