Фаучи го демантира Трамп за изјавата дека коронавирусот е ист со грипот

Трамп претходно на Твитер напиша дека доаѓа сезоната на грип и дека секоја година многу луѓе умираат од него и дека понекогаш станува збор и за повеќе од 100.000 лица, и покрај тоа што има вакцина.

390

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека коронавирусот е смртоносен исто колку и грипот.

Тој потсети дека симптомите на овие две болести се слични, но дека штетата што коронавирусот ја предизвикува врз организмот е значително поразлична од онаа предизвикана од грип, пренесува телевиизјата Ен-Би-Си Њуз.






Трамп претходно на Твитер напиша дека доаѓа сезоната на грип и дека секоја година многу луѓе умираат од него и дека понекогаш станува збор и за повеќе од 100.000 лица, и покрај тоа што има вакцина.

– Дали ќе ја затвориме државата? Не, научивме како да живееме со грип, исто како што научивме да живееме со коронавирусот, кој за поголемиот дел од популацијата е помалку смртоносен – напиша Трамп.

Фаучи во друго интервју процени дека можеше да се спречи минатонеделното проширување на инфекцијата со коронавирус во Белата куќа.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е позитивен на коронавирусот, повеќе негови блиски соработници ги добија истите симптоми и резултати.

– Погледнете што се случи неделава во Белата куќа – рече Фаучи во интервјуто одговарајќи на прашањето што би ги советувал луѓето што разговараат за превентивни активности со роднини кои сметаат дека пандемијата е измама.

– Тоа е реалност. И секој ден се повеќе и повеќе луѓе се заразуваат. Тоа не е измама. Несреќна е ситуацијата кога ќе видите такво нешто, а можело да се спречи – рече Фаучи.

Од почетокот на пандемијата Фаучи повеќепати се судри со Трамп, затоа што претседателот ги релативизираше ризиците од коронавирусот.

Досега во САД умреа над 210.000 лица, а повеќе од седум милиони се заразени со Ковид-19

Поврзани содржини