Арсовски: СДСМ за три години потроши осум милиони евра за луксузни автомобили

226

Граѓаните и државата тонат во сиромаштија, а функционерите на Владата на СДСМ живеат хедонистички и уживаат во луксуз на државен трошок и нормално со парите на граѓаните. Наредниот период ќе излезе на виделина целиот луксуз на функционерите на СДСМ изминативе 3 години, каде што граѓаните трпат за леб практично и се на работ на егзистенцијата, а функционерите на СДСМ и Владата ги трошат нивните пари за најголемиот луксуз, обвини денеска на прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

– Најновите податоци велат дека СДСМ никако не може да се откаже од луксузот. За само 3 години набавиле 392 возила за институциите, а набавките вкупно чинеле 8.130.000 евра. Над 8 милиони евра од буџетот кој го полнат граѓаните и компаниите преку плаќање на даноци и слично, завршиле како трошоци за луксуз на функционерите на СДСМ. Воопшто не се штеделе парите на граѓаните, па се купувале најскапите и најлуксузните автомобили, лимузини и џипови кои чинат и над 40.000 и над 50.000 евра. Имаа и такви кои што достигнуваат и до над 60.000 евра. Она што е многу симптоматично е што над 70 отсто од набавките биле само со понуда од 1 набавувач, што јасно отвара сомнеж дека функционерите кои ги набавувале овие возила, точно знаеле какво возило сакаат да набават, точно така ги правеле условите во тендерот и однапред фаворизирале возило што им се допаѓа да се возат откако се на функција. Исто како да купуваат автомобил за дома, но не со нивни пари туку со парите на граѓаните. Токму така ги бирале автомобилите – истакна тој.






Арсовски рече дека меѓу институциите што набавиле луксузни џипови од над 45.000 евра вредност по автомобил е и Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, која ја водеше изминативе години Лидија Димова, а за која вчера беше отворен случај од страна на Антикорупциската комисија за проневера на финансиски средства.

Поврзани содржини