Славна спортистка посрамотена на аеродром: Не ми веруваа дека сум жена

1,038

Ана Турајева, светски позната кревачка на тегови од Русија , добила јавно извинување од авиокомпанија откако не и дозволиле да се качи во авион додека не докаже дека е жена, пренесува Јутарњи лист.

Искуството, кое Турајева го нарече хорор, вклучувало испрашување со интимни прашања пред другите патници пред самиот лет.






Таа раскажала дека првично ѝ било забрането да лета со компанијата Утаир од Санкт Петербург во нејзиниот роден град Краснодар бидејќи лицето задолжено за безбедност бил уверен дека таа е машко.

– На контролната точка не ме пуштија говорејќи ми дека во пасошот ми пишува дека сум женско – раскажува Турајева.

– Беше понижувачко, ме искараа пред толку луѓе – вели поранешната кревачка на тегови, а денес тренер, која претставувајќи ја Русија освоила многу медали и награди.

– Ме испрашуваа за интимни работи. Ги интересираше која сум во животот, но и во кревет – се пожалила таа.

Таа вели дека ја задржала смиреноста и не била безобразна.

– Цела редица патници ја гледаше таа анархија, а јас се чувствував толку беспомошно… Се трудев да докажам дека сум жена – вели Турајева.

Ана, која пред неколку години признала дека е лезбејка, истакнува дека се обидела на луѓето да им објасни дека не се во право и дека не е во ред да бараат од неа да докажува дека е жена.

– Направив се што се очекуваше од мене за да им го докажам тоа. Тогаш се случи чудо – ми дозволија да се качам во авионот, вели Турајева.

Таа и возврати на авиокомпанијата истакнувајќи дека целата младост пролеала крв и пот за својата земја и дека не заслужила таков третман.

Утаир со извинување ѝ одговорил на критиката.

– Се извинуваме поради негативните емоции кои ги преживеавте. Таквата услуга е неприфатлива- порачале од компанијата.

Од таму велат дека ќе ги проверат постапките на својте вработени и дека ќе го решат овој случај.

Поврзани содржини