ЈА ПРОНАШЛЕ ПОЧИНАТА ВО СВОЈОТ ДОМ ВО АЕРОДРОМ Телото на 59-годишна жена предадено на обдукција

Педесет и деветгодишна жена била пронајдена почината во својот дом во скопската населба Аеродром. Надлежните институции не констатирале видливи траги на насилство, а телото е испратено на обдукција.

10

Педесет и деветгодишна жена била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 јуни околу 11:50 часот. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош.






Лекар констатирал смрт кај Д.А. (59). Притоа не биле забележани видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Таа треба да ги утврди точните причини за смртта.

 

Поврзани содржини