ХАОС ВО СТРУМИЧКО • ШЕСТМИНА УПАДНАЛЕ ВО КУЌА И ПРЕТЕПАЛЕ ОСУМЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО Се обиделе да грабнат жена, настрадале и полицајци
Сите шестмина биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Шест жители на струмичкото село Просениково заработија кривични пријави поради насилен упад во куќа во селото Сарај, при што физички нападнале осум лица, меѓу кои и две малолетни деца. Двајца од нив се товарат и за противправно лишување од слобода, бидејќи се обиделе насилно да одведат една жена, додека еден од осомничените нападнал и полицајци.
Според СВР Струмица, кривични пријави се поднесени против Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково. Тие се осомничени за кривичното дело „насилство“, а Т.Ј. и Г.Т. и за „противправно лишување од слобода“. Б.Д. се гони и за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Настанот се случил на 24 јули околу 21:20 часот, кога осомничените насилно влегле во домот на К.Ѓ. во селото Сарај и физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, нанесувајќи им телесни повреди. Во текот на нападот, Т.Ј. и Г.Т. се обиделе против нејзина волја да ја одведат Р.Ѓ.
При интервенцијата на полицијата, Б.Д. агресивно се однесувал кон полициските службеници и физички нападнал двајца од нив.
Сите шестмина биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
За време на инцидентот, сопственикот на куќата К.Ѓ. излегол на терасата и со ловечка пушка испукал два истрела во воздух. По целосното документирање на настанот, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.