Кремељ експресно одговори на обвинувањата на Навални

Говорејќи на прес-конференција, Песков прецизираше дека оперативците на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) во моментов работат со него.

336

Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков на прес-конференција рече дека рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални „работи со“ западните разузнавачки служби.

Говорејќи на прес-конференција, Песков прецизираше дека оперативците на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) во моментов работат со него.






– Не работи пациентот (Навални) со западните разузнавачки служби, туку западните служби работат со него – да бидам попрецизен. Навистина постојат такви информации, дури може и конкретно да кажам – со него овие денови работат стручњаци од американската Централна разузнавачка агенција. Не е прв пат да му дадат разни упатствија, одговори Песков.

Претходно денеска, за германскиот весник „Шпигел“, Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека го организирал она што Германија го нарече „труење“.

Ваквите тврдења Песков ги нарече неосновани и недозволиви, навредувачки и неприфатливи.

– Сметаме дека ваквите обвинувања на сметка на претседателот на Русија се апсолутно неосновани и недозволиви. Што повеќе, ќе речам дека некои изјави во споменатиот весник ги сметаме за навредувачки, апсолутно навредувачк и со тоа неприфатливи Сакаме да го истражиме случајот со берлинскиот пациент и да ги утврдиме причините што е случило. За тоа да го направиме, треба да добиеме информации од оние кои во анлиите пронашле траги од труење, изјави Песков.

Поврзани содржини