Нови 112 заразени и осуммина починати

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, бројката на оздравени пациенти е 14.801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248.

713

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10, Струга-6, Велес-4, Битола-3, Охрид-10, Кавадарци-2, Гостивар-13, Гевгелија-11, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-3, Кичево-3, Ресен-1. Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73), Струмица (58), Делчево (55), двајца од Струга (80 и 74) и тројца пациенти од Скопје (53, 76 и 82). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, бројката на оздравени пациенти е 14.801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248“, наведено е во соопштението.






Направените 1.372 теста, стои во соопштението, се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-276,  Биотек-184, МАНУ -184, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-20, лаборатории од странство-0.

„Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ ‘Осми Септември‘ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини