Пендаровски: Не гледам ништо спорно зошто не би ја поддржале црквата во остварувањето на идентитетот

Шефот на државата рече дека во писмото во Вселенскиот патријар Вартоломеј е содржано името на државата, а фондот на кој е пишано е неколкупати поголем од остатокот на пизмото.

642

Претседателот на државата Стево Пендароски не гледа ништо спорно во неговиот став да го помогне остварувањето на идентитетот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

– Не постои држава која има православно население која не ја поддржува својата православна црква. Македонската православна црква кога и не сме биле држава стоела во заштита на идентитетот и не гледам ништо спорно зошто ние не би ја поддржале во остварувањето на тој идентитет – рече Пендаровски.






Во врска со ставовите дека тој во писмото до Вселенскиот патријарх Вартоломеј тој не го споменува името на државата, Пендаровски со став дека името на државата е содржано во писмото во меморандумот.

-Јас сум запрепастен од тврдењата дека не сум го споменал името на државата. Напротив кога претседателот според птротоколот пишува писмо пишува на меморандум каде што пишува Република Северна Мекдонија, претседател. Името на нашата држава е Република Северна Македонија според Уставот, му се допаѓало тоа некому или не. Да потсетам дека фондот на насловот е неколкупати поголем од остатокот од писмото. Значи името на државата е содржано во писмото – рече Пендаровски.

Поврзани содржини