Ибрахимовиќ си се испофали на Инстаграм (ФОТО)
Шведскиот напаѓач по натпреварот против Болоња објави интересна фотографија на Инстаграм со краток, но јасен опис: „Бенџамин Батон“.
Фудбалерите на Милан вчера ја победија Болоња со 2:0 во мечот од првото коло од новата сезона во Серија А, а двата гола ги постигна ветеранот Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач уште еднаш потврди дека има уште многу што да покаже на теренот, иако наскоро ќе го прослави својот 39-ти роденден.
Ибрахимовиќ по натпреварот објави интересна фотографија на Инстаграм со краток, но јасен опис: „Бенџамин Батон“.
Станува збор за филмски лик кој е роден како старец, а како одминуваше времето тој стануваше сè помлад и јасно е што Ибра сака да каже со тоа.