Ковид-19 затвори две основни училишта во Бугарија

508

Ковид-19 затвори две основни училишта во Бугарија, јави порталот Новините.

Денеска во 107. основно училиште во Софија наставата е откажана поради позитивен тест за коронавирус на еден наставник. Директорот на училиштето најави дека ќе се тестира целиот педагошки персонал. Часовите ќе се одржуваат онлајн.






Затворено е и училиштето „Васил Левски“ во Варна, откако кај двајца наставници е дијагностициран коронавирус.

Денеска во Бугарија се идентификувани 44 нови заразени, врз основа на 1.249 ПЦР тестови.

Поврзани содржини