СКАНДАЛ Ветераните од ОВК повторно ги добиле изјавите од заштитените сведоци (ВИДЕО)

Се обидовме малку да ги комбинираме материјалите за да видиме што има во нив, но нема имиња. Ова се изјави на неименувани сведоци, но обележани со бројки - додал Гуцати, претседател на организацијата.

1,361

Нов пакет со материјали, за кои постои сомнеж дека се од Специјалниот суд, е доставен до Организацијата на воени ветерани на поранешната ОВК, потврдил претседателот на таа организација, Хисни Гуцати.

Гуцати изјавил дека во новопристигнатите документи има изјави на сведоци, но не и нивните имиња.






– Добивме нов материјал во 15.30 часот од „Молња 2“, бидејќи тој господин е како молња. Веќе изјавивме дека Специјалното обвинителство и Специјалниот суд соработуваат со Српското обвинителство и Специјалниот суд на Србија. Ви покажувам само неколку хартии кои ги имам пред себе дека Србите соработувале со Специјалниот суд. Не стигнавме ниту да ги провериме – рекол Гуцати.

Тој додал дека лицето кое ги донело избегало како молња со многу голема брзина.

– Се обидовме малку да ги комбинираме материјалите за да видиме што има во нив, но нема имиња. Ова се изјави на неименувани сведоци, но обележани со бројки – додал Гуцати.

Вториот круг на материјали доставени до ветераните на поранешната ОВК беше објавен пред една недела кога пристигна првиот.

Истражителите на ЕУЛЕКС го презедоа првиот круг од добиените досиеја, но Специјалниот суд сè уште не објави колку автентични документи пристигнале.

Поврзани содржини