Игор Џамбазов откри со каква финта ја освоил Илина Арсова

Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано сè нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае – вели шоуменот Игор Џамбазов.

2,978

Шоуменот Игор Џамбазов во интервјуто за ТВ магазинот „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со алпинистката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната љубовна приказна.

– Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја – раскажа Џамбазов.






Тој призна и дека врската со Илина е сериозна.

– Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано сè нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае – вели шоуменот.

Поврзани содржини