Груби: Цел сум на лажни вести и пропаганда, но коалицијата добро функционира

Заменик-претседателот на Владата потенцираше дека ДУИ ќе добие 5 државни секретари и 5 заменици министри, за што кажа дека деновиве ќе има конкретни имиња.

863

Заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со пишувањата дека имало физичка пресметка меѓу него и Рашковски, рече дека тој е постојан цел на лажни вести и пропаганда.

Груби вели дека целта е да се создаде раздор во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, но тој тврди дека одлично функционираат.






Објасни дека Насер Зибери ќе биде дел од интелектуалците кои ќе помогнат на новото министерство, и смета дека тој може да даде голем придонес.

Заменик-претседателот на Владата додаде дека за 1.300 вработени треба да се изврши систематизација и со тоа да е најде решение за нив.

Груби изрази надеж дека утре или задутре ќе ги заокружат имињата на замениците министри и државните скретари. ДУИ, како што рече, ќе има заменици министри во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за транспорт и врски, за правда, здравство или вкупно пет.

– Ќе има и пет државни секретари. Државниот секретар во министерството кое јас го раководам веќе е во процедура да почне со работа. Државниот секретар во Министерството за култура веќе е назначен од министерката за култура и другите тројца верувам дека ќе се назначат во текот на следната недела, рече Груби. Посочи дека ќе се комплетира целиот владин кабинет и ќе можат да функционираат потполно иако додаде дека и денес со овој состав функционираат одлично.

Тој рече дека ќе има ротации, односно за поголема ефикасност и освежување сега Пошти и ПИОМ ќе припаднат на коалициониот партнер, а тие би ги земале Мепсо и Јавно претпријатие за државни патишта.

Поврзани содржини