Сергеј Горбок ја заврши спортската кариера
Покрај Вардар, Горбок има настапувано и за екипите на ПИК Сегед, Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и Чеховски Медведи.
Ракометарот на Вардар, Сергеј Горбок соопшти дека става крај на својата спортска кариера.
Тој се заблагодари на сите кои биле вклучени во неговиот спортски живот.
„Ја завршив мојата спортска кариера. Јас сакам да кажам едно големо благодарам на сите на ракометот и сите вклучени во мојот спортски живот. Тоа беше убав пат кој ми даде многу и ме научи многу. Исто така, огромна благодарност до сите тренери, играчи, спонзори, клуб вработени, навивачите и на моето семејство и пријатели“, напиша Горбок, цитиран од неговиот досегашен клуб.
Покрај Вардар, Горбок има настапувано и за екипите на ПИК Сегед, Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и Чеховски Медведи.
Бил шампион на Белорусија, Украина, Словенија, Русија, Македонија и Унгарија.