Симоновски: Изгореа канцелариите на Инспекторатот за животна средина, ниту еден хидрант не работеше
При интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала екипа на Итна помош. Симоновски информира дека пожарникарот е во стабилна состојба..
Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.
Во гасењето на пожарот интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот е локализиран во 8.50 часот.
– Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем – изјави Симоновски.
Причина за пожарот, според првичните проценки на Симоновски, е електрична инсталација.
При интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала екипа на Итна помош. Симоновски информира дека пожарникарот е во стабилна состојба..