Си ја запалил куќата бркајќи мува

Според локалните медиуми, неименуваниот човек среќно избегал и поминал само со изгореница на раката.

427

Французин си ја запалил куќата бркајќи мува додека вечерал, објави Би-би-си.

Зуењето на мувата го иритирало осумдесетгодишниот човек додека вечерал, па тој зел електричен рекет за убивање инсекти и почнал да замавнува со него, но канистерот за гас почнал да тече во неговиот дом. Реакцијата помеѓу рекетот и гасот предизвикала експлозија уништуваќи ја кујната и делумно оштетувајќи го покривот во неговиот дом во селото Паркол-Шено, во Франција.






Според локалните медиуми, неименуваниот човек среќно избегал и поминал само со изгореница на раката.

Како и да е, што се случило со мувата, не е познато, пишуваат медиумите.

Старецот ќе остане во локалниот кампус додека семејството му ја обнови куќата.

Поврзани содржини