Нови 127 заразени, петмина починати
Починати се пациентка од Куманово на 61 година, 81-годишен штипјанец, двајца пациенти од Гостивар на возраст од 76 и од 81 година и пациент од Прилеп на 53 години. Сите се починати во болнички услови. Двајца пациенти со ковид-19 се на респиратор.
Во последните 24 часа се направени 1574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Во Скопје новозаразени се 43, Куманово 11, Дебар 1, Штип 4, Прилеп 8, Тетово 4, Струга 5, Велес 1, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 10, Гевгелија 3, Струмица 5, Крива Паланка 5, Кочани 2, Пробиштип 3, Македонски Брод 1, Пехчево 3, Берово 3, Делчево 7, еден во Кратово и двајца во Кичево.
Починати се 5 лица, пациентка од Куманово на 61 година, 81-годишен штипјанец, двајца пациенти од Гостивар на возраст од 76 и од 81 година и пациент од Прилеп на 53 години. Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 47, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14998, бројката на оздравени пациенти е 12149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2235.