Плус-сајз моделот и активистка од Австралија, Ешли Аткинс, предизвика големо внимание откако проговори за своето искуство на социјалната мрежа ТикТок.
Ешли отворила профил на ТикТок за да зборува за плус-сајз жените и да поттикне позитивен поглед на девојките со вишок килограми, но рекла дека таму се соочила со толку голема омраза, поради што трипати го гасела профилот.
– Има многу пораки кои гласат дека ги инспирирам луѓето и дека поради мене го засакале своето тело. Меѓутоа, жално е тоа што има и премногу такви кои ми упатуваа навреди, закани и клетви – рекла таа за австралиските медиуми.
– Најлошо ми беше кога добив пораки од следбениците дека посакуваат да заболам од рак бидејќи ги објавувам моите фотографии. Тогаш обично го исклучував профилите на ТикТок – рекла таа.
Најголем скандал предизвикала една нејзина разголена фотографија, после која добила најмногу клетви.
„Трипати оваа година морав да ги напуштам своите профили на социјалните мрежи поради заканите и навредите кои ги добивав, луѓето ми посакуваат и рак поради овие фотографии.“
„Јас инаку се вбројувам во помалите плус-сајз модели и не смеам ни да замислам какви пораки добиваат покрупните девојки и со што се соочуваат секојдневно. Затоа мора да имате многу „дебела кожа“ и силен желудник. Меѓутоа, јас се вратив и покрај сите навреди, бидејќи сакам да ја пренесам мојата порака и бидејќи има сосема доволно луѓе кои го ценат она што го правам и кои ми праќаат пораки за поддршка“, рекла таа.
Ешли неретко објавува фотографии на кои е сосема гола на Инстаграм.
ФОТО: Instagram