Рикер наскоро доаѓа во Македонија

1,208

На првиот работен ден како министер за надворешни работи, Бујар Османи оствари официјален телефонски разговор со помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, соопшти кабинетот на Османи.

Од таму информираат дека амбасадорот Рикер ја реафирмирал силната поддршка на САД за Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО.






– Дозволете да ја пренесам нашата огромна почит за вашата континуирана поддршка, со видливи резултати во создавањето на севкупниот напредок на земјата. Како стратешки партнери, САД можат да се потпрат на земјава како на искрен и лојален партнер на Балканот, особено во рамките на нашиот искрен придонес во решавање на регионалните прашања – истакна Османи.

Соговорниците се согласиле дека земјава треба да продолжи на патот на европските интеграции, особено во рамките на очекуваните старт на преговорите до крајот на оваа година.

Османи го поканил Помошникот на државниот секретар да ја посети земјата, што беше со задоволство прифатено од страна на амбасадорот Рикер, кој ја најави својата посета на земјава наскоро.

 

 

Поврзани содржини