Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на ковид-19

Стоилов во текот на минатата седмица доби принова во семејството, на прославата биле присутни и поголем дел од клупските соиграчи, па затоа сега се чека да се види дали тој е единствениот „вардарец“ позитивен на ковид-19.

802

Сериозно се нарушени подготовките на Вардар пред средбата со Нексе по првиот позитивен случај на коронавирус во таборот на „црвено-црните“. Според информациите до кои дојде Плусинфо, станува збор за капитенот Стојанче Стоилов, кој е ставен во самоизолација и дефинитивно нема да настапи на дуелот против Нексе во Скопје.

По повредите на Ловро Јотиќ и Крстијан Дисингер, во таборот на европскиот првак се појави првиот позитивен слуај на Ковид-19. Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов. Тој по вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност, откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тест, истиот покажал дека е позитивен.






Воедно, поради овој прв позитивен случај сите останати ракометари и членови на стручниот штаб на „вардарци“ повторно заминаа на тестирање, па сега „црвено-црните“ со нетрпение ги очекуваат резултатите од што ќе зависи на кои ракометари ќе може да смета тренерот Стевче Алушовски за саботниот натпревар од СЕХА-лигата.

Стоилов во текот на минатата седмица доби принова во семејството, на прославата биле присутни и поголем дел од клупските соиграчи, па затоа сега се чека да се види дали тој е единствениот „вардарец“ позитивен на ковид-19.

Се очекува актуелниот европски првак во текот на денешниот ден и официјално да ја потврди оваа информација.

Поврзани содржини