Скопјанец бил жив фатен како краде, ја натепал ќерката на газдата, па заврши во притвор

632

 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 35-годишен скопјанец за разбојничка кражба во угостителски објект на улица „С. Георг – Шнајдерот“, кога затечен во кражба употребил сила и нападнал врз телото на двајца оштетени – татко и ќерка.

Обвинетиот кривичното дело го извршил на 29 јули.






– Тој преку прозорецот влегол во угостителскиот објект и одзел три телевизори во вкупна вредност од 105.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција. Во тој момент, обвинетиот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри нејзиниот татко, кој го одбил ударот со рака. Обвинетиот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и случаен минувач успеале да го задржат. За тоа време, оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица – информираат од ОЈО.

Заедно со поднесеното обвинение, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице , со оглед на тоа што постои опасност од бегство на обвинетиот, како и опасност да го повтори делото.

Лицето се товари за сторено кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини