Не знаејќи дека е вклучена камерата на компјутерот американскиот сенатор Том Карпер опцул неколку пати во текот на онлајн сенаторскиот одбор за државна безбедност. Неколку пати кажал „еби го“.
Незгоата се случила во пресрет на неговото обраќање на седницата на одборот на кој членовите поставувале прашања на Луис Деџој од американскиот Поштенски сервис. Седницата била посветена на проблемите во работата на сервисот, информира Фокс њуз.
Додека пцуел сенаторот од редовите на Демократите, бил лут поради техничките пречки кој ги имал на својот компјутер и заради тоа побарал помош.
– Како и повеќето Американци годинава и сенаторот Карпер беше фрустриран поради техничките пороблеми, но тоа е помалку важно во споредба со неговата фрустрираност од работата на Поштенскиот сервис во текот на националната криза – го оправда портпаролката.
Senator Tom Carper curses at his staff member cuz he can’t figure out how to unmute himself. Calm down, sir. pic.twitter.com/p3cvkEp0BU
— ForAmerica (@ForAmerica) August 21, 2020