Стојановски: Се родија внуци! Џафери: Да даде Господ да си дочекаш!

Тема на разговор е мојата кандидатура, а не моето поколение. Ама млад си, ќе имаш време да го научиш тоа - рече Џафери.

841

Повеќе од јасно е дека ова парламентарно мнозинство ќе биде нестабилно, бидејќи 62 пратеника не гарантираат дека Собранието ќе може да одлучува, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

– Се родија внуци и се одолговлекуваше одржувањето на седницата во Собрание. Самиот избор на претседател на парламентот е очаен потег со кој се крши и Уставот и Деловникот. Ова кратко ќе трае. Зошто јас нема да гласам за Талат Џафери, бидејќи го гледам само како инструмент на оваа криминална коалциија – рече Стојановски.






На ова Џафери му порача на својот помлад колега и тој да доживее и да си дочека внуци.

– Да даде Господ да доживееш внуци, бидејќи тоа е мотивот за живот кај секој човек. Да даде Господ тоа да го доживееш, но тема на разговор е мојата кандидатура, а не моето поколение. Ама млад си, ќе имаш време да го научиш тоа – рече Џафери.

Поврзани содржини