Славниот шахист и дисидент Гари Каспаров не се сомнева дека лично Путин стои зад труењето на неговиот политички противник Алексеј Навални.
За вчерашниот инцидент во Омск, Каспаров синоќа објави серија твитови.
– Со труењето на Алексеј Навални уште еднаш се докажува дека атентатот за Путин е политика – во Русија и во странство. Не сакам да слушам никакви глупости за тоа дали Путин знаел за тоа, за отпаднати елементи или дека тој изгледа лошо. Путин не го интересира како тоа изгледа, тој е заинтересиран за тоа како тоа функционира Тој очигледно смета дека тоа функционира, затоа што постојано тоа го прави – напиша Каспаров на Твитер.
– Не ја навредувајте мојата интелигенција со предлози дека некој би можел нешто да му направи на Навални без одобрение од Путин. Истото важи и за убиството на Немцов, Политковскаја и Литвиненко. Никој не би презел таков ризик врз себе. Тоа е политика, и тоа е политиката на Путин – напиша Касперов.
– Владеењето на Путин со терор ќе продолжи се додека не биде запрен. Диктаторите не застануваат сами. Но, во слободниот свет, се уште има гласови кои повикуваат на ресетирање и ангажман – со други зборови, умилкување – тие имаат крв на рацете. Му посакувам на мојот сонародник Навални целосно и брзо закрепнување од труењето. И апелирам до слободниот свет да се обединат против најголемиот отров – диктатурата на Путин, наместо да чекаат тој повторно да нападне – заклучи Каспаров.