Заев: Нема врзан потпис, Груби ќе ме заменува кога ќе бидам отсутен

Заев рече дека се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи.

1,272

Лидерот на СДСМ и иден премиер, Зоран Заев, по состанокот на Централниот одбор на партијата, изјави дека првиот вицепремиер ќе биде задолжен да го менува кога тој ќе биде отсутен.

Тој ги негираше информациите дека ова е вовед во федерализација и дека ќе има врзани потписи.






– Прв вицепремиер значи оној што го менува Заев кога е отсутен за водење на седница или прием на делегација и слично. Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи. Идната Влада планирам да има четворица вицепремири, тројца се на предлог на СДСМ, а еден од вториот парнер по големина – ДУИ. Ќе биде именуван како прв вицепремиер. Ова е за подобра координација меѓу двете политички партии во делот на преземањето на одговорноста и честа којашто се дава од граѓаните, а со цел ефикасни и ефективни одлуки. Именувањето „прв вицепремиер“ е за да дадеме важност на функцијата – рече Заев.

Поврзани содржини