Џиновски кит со должина од 15 метри залута во Јадранот (ФОТО)

Физичката состојба не успеавме да ја провериме затоа што со него бевме премногу кратко, но на прв поглед не изгледа ненахранет, наведено е во соопштението од Институтот „Син свет“.

1,644

Институтот „Син свет“ од Хрватска соопшти дека благодарение на дојавите на граѓаните, вчера бил пронајден кит долг 15 метри во водите на Јадранското Море.

Како што пишуваат локалните медиуми, експертите од Институтот пред два дена ги повикале граѓаните да им помогнат во пронаоѓањето на китот кој веќе со денови се наоѓа во Велебитскиот канал, со цел да ја утврдат неговата здравствена состојба.






За среќа, китот вчера бил пронајден и фотографиран.

„Китот беше на самиот раб од најавеното невреме и само по некое време заплива токму во невремето. Но, вредеше. Физичката состојба не успеавме да ја провериме затоа што со него бевме премногу кратко, но на прв поглед не изгледа ненахранет“, наведено е во соопштението од Институтот „Син свет“.

Поврзани содржини