Колку чини слободата?

1,929

Паранојата што политичарите ја шират кога се во прашање масовните собирања нема никаква врска со епидемијава и со грижата за нашето здравје.

Корените се многу подлабоки и најдоброто објаснување за таа параноја ја даде еден од водачите на Октомвриската револуција,Лав Давидивич Троцки.






После недоразбирањата со Сталин, Троцки морал да ја напушти Русија и во егзил во Мексико, во еден свој есеј, ќе ги напише следните редови: „Сталин – вели Троцки – и неговите најблиски соработници на секој начин работеа на тоа да го оневозможат секое масовно собирање кое не беше под контрола на партијата. Причината беше едноставна: сите тие добро знаеја дека кога ние почнавме со подготовките за револуцијата, бевме еден грст луѓе. Подоцна кон нас се придружија незадоволните селани, па незадоволните работници и така нашето движење се омасови и на крај ја презедовме власта. Ете,  затоа сега најстрого се санкционира секое движење коешто не е под контрола на партијата“.

Ете затоа, драги мои,сега, кај нас се санкционира секое собирање, освен она коешто е под контрола на политиката.

Тој процес, пак, е обилно подржан и од опозицијата, зашто нема политичар во светски рамки кој не сака да воспостави целосна контрола врз своите поданици тогаш кога ќе дојде на власт.

Некој ќе рече, ама тоа се случува во цел свет?

Е па, ако имате глобална економија,глобални комуникации, ако задолжувањето се врши од еден центар, тогаш нормално ќе имате обиди и за глобална контрола. Ако дозволите, се разбира!

Јас, пак, уште на почетокот на донесувањето на новите протоколи (џенем да фатите и вие и вашите протоколи) напишав дека еднаш одземената слобода тешко ќе ни биде вратена во изворен облик и без голем број ограничувања.

Истовремено, дилемата „слободата или здравјето“ е, всушност лажна дилема, зашто најголем број жртви имаше во системите каде што немаше слобода. Никаде и од ниедна епидемија не загинаа толку многу луѓе колку што загинаа во СССР за време на Сталин. Над 20 милиони, само во Русија.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини