И Македонци од мугри чекаат во огромни редици во Белград за тестирање од ковид-19 ФОТО
Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра.
Во Белград и денеска има непрегледни редици и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР тестирање пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, најупорните граѓани пристигнуваат да ги заземат своите места уште во 4, 30 часот за да бидат меѓу првите во осум часот, кога се отвораат вратите на лабораторијата, за да направат ПЦР тест.

Освен граѓани од цела Србија коишто патуваат во странство, за што им е потребен овој тест, има и државјани од Македонија и од Република Српска, затоа што во „Торлак“ тестирањето за новиот коронавирус не се закажува, а резултатите се добиваат истиот ден.
Од Градскиот институт за јавно здравје пред два дена најавија дека до 20 август повеќе немаат слободни термини за ПЦР тестирања на лично барање, а закажувањето ќе започне повторно на 18 август.
Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра.
Во Србија како резултат на последиците од ковид-19 официјално починале 641 лице. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 28.099 случаи на заболени. На респиратори се наоѓаат 106 пациенти.
