Кинеската вакцина против ковид-19 влезе во третата фаза на испитување во Саудиска Арабија

381

Саудиска Арабија наскоро ќе ја започне третата фаза од клиничките испитувања на потенцијалната кинеска вакцина против ковид 19, во која ќе учествуваат околу 5.000 доброволци, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Минатиот месец, компанијата „ЧанШино Биолоџикс“ соопшти дека е во преговори со Русија, Бразил, Чиле и Саудиска Арабија за третата фаза од тестирањето на можната вакцина.






Истражувачите претходно рекоа дека оваа вакцина, развиена во соработка со кинески воен истражувачки тим, дејствува сигурно и создава имунолошки одговор кај повеќето испитаници. 

Поврзани содржини