Уште 75 заразени со ковид-19, починаа петмина, најмладиот е 52-годишен скопјанец
Починати се 5 лица, пациент од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), пациент од Гостивар (62г.) и пациент од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202,
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1.
Починати се 5 лица, пациент од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), пациент од Гостивар (62г.) и пациент од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 4946, активни 1342
Куманово 1094, активни 255
Дебар 206, активни 117
Штип 876, активни 434
Прилеп 333, активни 51
Тетово 1064, активни 222
Струга 458, активни 176
Велес 225, активни 21
Битола 143, активни 63
Охрид 275, активни 68
Кавадарци 81, активни 61
Гостивар 495, активни 287
Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица 38, активни 22
Крива Паланка 25, активни 11
Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
Кочани 106, активни 24
Пробиштип 57, активни 22
Демир Хисар 34, активни 27
Македонски Брод 37, активни 31
Пехчево 6, активни 0
Берово 8, активни 4
Валандово 6, активни 0
Виница 23, активни 19
Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 14, активни 7
Свети Николе 228, активни 142
Кичево 177, активни 109
Ресен 146, активни 26
Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-56, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-169, Систина со PCR метода -115, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7, ГАК-5.
Досега во земјата се направени вкупно
106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 6 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 167
Аеродром – 152
Бутел – 87
Гази Баба – 133
Центар – 110
Карпош – 112
Сарај – 62
Кисела Вода – 153
Ѓорче Петров – 93
Студеничани – 47
Шуто Оризари – 112
Арачиново – 26
Илинден – 23
Петровец – 16
Чучер Сандево – 8
Сопиште – 21
Зелениково- 7
Странец – 5
Нераспределен- 8