На Филипините во карантин 27 милиони луѓе, во Франција сѐ повеќе болни на интензивна нега

Двете големи државни болници во Манила се привремено затворени поради зараза кај здравствените работници, додека некои приватни болници ги одбиваат пациентите поради недостиг на простор, пренесува „Гардијан“.

387

Повеќе од 27 милиони луѓе во Манила и нејзината околина повторно се во карантин по воведувањето нови рестриктивни мерки заради спречување на коронавирусот, кој нагло се шири на Филипините.

Мерките стапија на сила ноќеска откако бројот на заразени лица во земјата надмина 100.000, а медицинските здруженија го повикаа претседателот Родриго Дутерте да преземе нешто во врска со тоа.






„Нашите здравствени работници не треба да го сносат товарот да одлучуваат кој ќе живее, а кој ќе умре“, наведуваат лекарите во отвореното писмо испратено во текот на викендот, предупредувајќи дека здравствениот систем е пренатрупан.

Двете големи државни болници во Манила се привремено затворени поради зараза кај здравствените работници, додека некои приватни болници ги одбиваат пациентите поради недостиг на простор, пренесува „Гардијан“.

Во последните денови, епидемијата на коронавирус на Филипините се шири брзо и веќе се регистрирани 106.330 случаи, а над 2.000 луѓе починаа.

Бројот на пациенти заразени со новиот коронавирус на интензивна нега во Франција беше 384 вчера, додека во петокот имаше 371. Тоа е вторпат во изминатите седум дена таа цифра да се зголеми, откако се намали во изминатите 16 недели, соопштија француските здравствени власти.

Бројот на пациенти во француските болници се намали од 5.298 во петокот на 5.198 денеска.

Француските власти исто така објавија дека уште 29 лица починале од петокот, со што бројот на смртни случаи достигна 30.249.

Поврзани содржини