Илон Маск на Амбер Херд ѝ подарил автомобил „Тесла“ со вграден уред за прислушување?!
Магнатот и инженер Илон Маск на својата бивша девојка, актерката Амбер Херд, ѝ подарил автомобил „Тесла’, во кој имало уред за прислушување, открила наводно нејзината покојна мајка.
Сестрите на Амбер сепак тврдат дека сведочењето на една пријателка на семејството, според кое Маск на тој начин ја контролирал актерката, е измислица, без оглед што е општо познато дека нивната мајка повеќе го сакала Џони Деп отколку Илон Маск.
Во едно интервју Илон Маск демантирал дека спиел со Амбер додека таа била во врска со Џони Деп и изјавил дека обвинувањата за прељуба се производ на тужбата на Деп против таблоидот „Сан“.