Средовечна криза

1,917

По 25 години брак, еден ден ја погледнав сопругата и и’ реков:

– Мила, пред 25 години имавме евтин стан, евтина кола, спиевме на кауч и гледавме на црно-белиот телевизор, ама спиев со згодна 25-годишна плавуша. Сега имаме убава куќа, голема кола, голем кревет и плазма ТВ, а спијам со 50-годишна баба. Ми се чини дека овде нешто не е во ред…






Мојата сопруга е разумна жена. Ми рече:

-Ти најди си 25-годишна плавуша, а јас ќе се погрижам повторно да живееш во евтин стан, да возиш евтина кола и да спиеш на кауч!

Зарем постарите жени не се супер?! Тие навистина знаат како да се реши средовечната криза!

Поврзани содржини