СЗО: На вирусот не влијае дали е зима или лето, сите да се вакцинираат против грип

Како пример, таа наведе дека во една од најпогодените земји во светот од Ковид-19, САД, сега е лето, а во втората најпогодена Бразил е зима. – Постои верување дека вирусот е сезонски, но мора да запаметиме дека станува збор за нов вирус, кој иако е респираторен, кои историски се сезонски, овој се однесува поинаку, нагласи Харис.

1,001

Веројатно годишните времиња не влијаат врз развојот на пандемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека е погрешно верувањето оти во летен период сме позаштитени.

– Годишните времиња не влијаат врз пренесувањето на вирусот, од кој починаа над 650.000 луѓе во светот и заразени се повеќе од 16 милиони, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на онлајн брифингот.






Како пример, таа наведе дека во една од најпогодените земји во светот од Ковид-19, САД, сега е лето, а во втората најпогодена Бразил е зима.

– Постои верување дека вирусот е сезонски, но мора да запаметиме дека станува збор за нов вирус, кој иако е респираторен, кои историски се сезонски, овој се однесува поинаку, нагласи Харис.

Таа истакна дека комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и новиот коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.

– Им препорачуваме на сите да се вакцинираат против грип, советува Харис.

Поврзани содржини