Дали ќе бидат отворени училиштата ќе биде познато до 10 август

Наставник сам во училница и држи настава, односно учениците се дома, но наставниците материјалот да го предаваат од своето работно место – еден од предлозите на работната група од Бирото за развој на образованието.

595

Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите, ќе бидат ли воведени дополнителни смени и крајно, каде ќе има настава со далечинско учење, а каде со физичко присуство? Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори во наредните две недели.

– До 10 август ќе ги имаат сите тие информации. Нема потреба за паника. Има модели, треба да се усогласат и не е ништо задоцнето. Има снимање на состојбата, бројноста на учениците во паралелките, бараме просторни можности за оние училишта кои немаат капацитети, значи сите тие аспекти се разгледуваат – вели заменик министерот за образование Елизабета Наумовска за „Сител“.






Наставник сам во училница и држи настава, односно учениците се дома, но наставниците материјалот да го предаваат од своето работно место – еден од предлозите на работната група од Бирото за развој на образованието.

Сепак, од Министертвото најавуваат дека наставата со физичко присуство е приоритет при носењето на планот.

– Она што и наставниците и директорите и родителите го бараат од нас е дека ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство. И се додека постои и најмала алтернатива и можност за безбедно реализирање на наставата со физичко присуство, ние ќе правиме обиди да ја реализираме на таков начин – додава Наумовска.

Од МОН велат дека најверојатно во функција ќе бидат повеќе модели на настава, во зависност од епидемиолошката слика во земјава. Со ова се согласува и опозицијата, иако смета дека барањето соодветен модел за настава од септември е задоцнето.

Расправата по сите модели и протоколи за тоа како ќе изгледа наставата од 1-ви септември почнува утре, а крајниот збор ќе го има Комсијата за заразни болести.

Поврзани содржини
na