Моќна видео порака: Кога можеме ние, можете и вие! Носете маска и спасете живот (ВИДЕО)
Кампањата има јасна порака, нема изговори за не носење на заштитните маски кои се прв мерка во заштитата од корона вирусот.
Лица со телесен ивалидитет учествуваа во кампања со која сакаа да ги предупредат сите дека носењето маска може да спаси нечиј живот, а и дека кога можат тие, може и секој од нас.
Во кампањата се вклучени неколку лица кои имаат различни телесни попречености. Жена која се родила без раце, си ја става заштитната маска со нозете, лице кое има оштетен вид само си ја става заштитната маска, лице кое има една механичка рака исто така само си ја става заштитната маска.
Кампањата има јасна порака, нема изговори за не носење на заштитните маски кои се прв мерка во заштитата од корона вирусот.
Нивната порака е силна, носете ги заштитните маски, заштитете се себе си и другите, спасете живот.
– Не ни се оправдувај, ако можам јас да ставам, ако и јас можам да ја ставам маската, и јас, можеш и ти! Носи заштитни маски, спаси живот! – зборуваат лицата во видеото.