Глоба од по 2000 евра за шест лица од Скопје за прекршување на полициски час

Надлежните јавни обвинители предложија за секој од обвинетите да биде изречена парична од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

296

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите не постапиле согласно донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на нашата земја, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот – соопшти Јавното обвинителство.






Надлежните јавни обвинители предложија за секој од обвинетите да биде изречена парична од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Поврзани содржини