Доктор Анета: Многу е потешко од грипот, трае многу долго, така да не знаеш во кој момент како ќе излезеш од сето тоа (ВИДЕО)

1,478

Докторката Анета е меѓу првите докторки кои се инфицирале со ковид-19. Таа раскажува за искуството со вирусот и порачува – секогаш кога пациентите имаат било каков проблем да се консултираат со лекарите, да се препознаат навреме симптомите и да не биде коронавирусот стигма – објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Меѓу другото, д-р Анета вели:






– Коронавирусот за нас е сè уште една непозната, а и страшна болест. И голем предизвик за мене како доктор, а и а сите здравствени работници. Значи, ги учиме сè уште симптомите, многу е потешко од грипот, трае многу долго, има периоди на влошување, така да не знаеш, во кој момент како ќе излезеш  од сето тоа – раскажува д-р Анета.

Погледнете го видеото:

 

Поврзани содржини