Манчевски оди во самоизолација: Позитивни на ковид-19 се неговиот заменик и возачот

945

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе оди во самоизолација.

– Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред. Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на ковид- 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави – објави на Манчевски својот „Фејсбук“ профил.






Поврзани содржини
na