Во 41 општина можете да платите услуга со платежна картичка

Најмногу трансакции и промет на ПОС терминали има во општините Штип и Прилеп кои прават над 40% од вкупниот реализиран промет во општините од јануари 2019 до мај 2020.

964

Со картичка можат да се платат услугите во речиси половина од општините во земјава. На месечно ниво, вкупно во сите општини се реализираат околу 6.000 плаќања на општински услуги преку ПОС терминалите. Ова го покажува анализата направена од Министерството за финансии.

Од вкупно 66 општини кои одговориле на прашалникот на Министерството, во  41 рекле дека  имаат ПОС терминал за плаќање со картички. На месечно ниво, вкупно во сите општини се реализираат околу 6.000 плаќања на општински услуги преку ПОС терминалите (173 по општина).

Најмногу трансакции и промет на ПОС терминали има во општините Штип и Прилеп кои прават над 40% од вкупниот реализиран промет во општините од јануари  2019 до мај 2020 година.

За подобрување на состојбата  Министерството за финансии,  Министерството за локална самоуправа  и Заедницата на единиците на  локална самоуправа планираа низа активности меѓу кои и стимулирање на општините за воведување на безготовинско плаќање преку наградна игра. Планирано е  општината која ќе биде лидер во безготовински плаќања да биде наградена со грант средства за капитален проект кој им е најпотребен на граѓаните.

 

Поврзани содржини